Чистата печалба на јапонскиот автомобилски концерн „Тојота Мотор“ за првото полугодие / завршено на 30 септември / на финансиската година 2017-2018, достигна 1,07 трилиони јени / 9,4 милијарди долари /, што е за 13,2% повеќе отколку за истиот период минатата година.

Профитот на една акција е 355,92 јени или 3,12 долари наспроти 307,84 јени или 2,7 долари за првото полугодие на минатата финансиска година. Продажбата на компанијата на годишна основа се зголеми за 8,6% до 14,191 трилиони јени и / 124,4 милијарди долари /, а оперативниот профит е намален за 1,8% до 1,09 трилиони јени или 9,6 милијарди долари.

Продажбата на компанијата за првото полугодие достигна 4,389 милиони автомобили, што за 0,6% го надминува показателот од претходната финансиска година.

Во вториот квартал на тековната фискална година чистата добивка на „Тојота“ е зголемена за 16,3% до 458,2 милијарди јени / 4,02 милијарди долари / во споредба со истиот период минатата година. Профитот на една обична акција за овој период е 152,87 јени или 1,34 долари наспроти 128,54 јени или 1,13 долари за три месеци на 2016 година

Според прогнозите на компанијата на крајот на финансиската година 2018 чистата добивка треба да достигне 1,95 трилиони јени / 17,1 милијарди долари /, што е за 6,5% повеќе од претходната година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO