Љубовта не познава граници, а љубовта кон уметноста е способна да урне бариери, дури и државните, читаме на страницата на One Love Tour. Турнејата помина низ 8 града во Бугарија и Македонија.

Таа започна во јули во Банско, помина низ Охрид, Струмица, Сончев Брег, Варна, Пловдив, Скопје и заврши вчера вечерта во Софија.

„Ја направивме турнејата, бидејќи веруваме дека по најбрз и најлесен пат едни кон други и обратно меѓу Бугарија и Македонија не е во ровењето во историја, преку идеологија и политика, а во тоа да правиме заедно работи во музиката, во телевизијата, во киното . Младите луѓе да се заедно и на сцената, и надвор од сцената и тоа е најбрзиот пат едни кон други и обратно „, рече Андреј Арнаудов.

Изведувачите на турнејата One Love од Бугарија и Македонија се Криско, Слаткаристика, Гери-Никол, Тони Зен, Апсурт, DJ Гоце. Вчера вечер за преполнта сала „Универзијада“ во Софија организаторите беа подготвиле изненадувања, кои вклучуваат и гајдари.

„Се надевам дека ќе поставиме почеток на една голема традиција, зашто догодина One Love Tour ќе се претовори во фестивална платформа“, рече Андреј Арнаудов.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO