Првата траса од морскиот гасовод „Турски поток“ влезе во саботата во ексклузивната економска зона на Турција, се вели во соопштението на операторот на проектот.

Најголемиот градежен брод во светот за морско полагање на цевки „Pioneering Spirit“ положи во вода цевки со знамињата на Турција и Русија, симболизирајќи на тој начин декаја пресекол границата на зоните меѓу Турција и Русија. Преминувањето на границата значи дека се готови двете траси во руската ексклузивна економска зона. За помалку од 6 месеци се изградени речиси 25% од морскиот дел. Ова одговара на планираниот график. Се очекува транзитот на руски гас за „Турски поток“ да почне во декември 2019 година.

снимка: „Pioneering Spirit“

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO