„Pora Sotunda“ е првиот сингл од претстојниот нов албум на „Мистеријата на бугарските гласови“ и е со учество на исклучителната Лиза Жерар од дуото Дед кен денс.

Синглот ќе излезе официјално на музичкиот пазар во Европа на 8 декември, а на 15 декември ќе ги израдува и љубителите во САД. Тој ќе  издаден во ограничен тираж – во 7 инчен винил формат што ќе го претвори во баран колекционерски артикл. На глобално ниво ќе се распостранува и дигитално.

Песната „Pora Sotunda“, која е А страна на синглот, е исклучително нежна и лирска. Тоа ќе биде првиот официјално издаден студиски запис на „Мистеријата на бугарските гласови“ по повеќе од 20-годишна пауза и е елегантен претходник на очекуваниот нов албум. Во неа убаво се испреплетуваат гласовите на хорот и Лиза. од Б страната на синглот ќе звучи песната „Ганка“, која е во хорска изведба и нè враќа кон корените и традицијата на светскиот состав – носител на наградата Греми од 1990 година Заедно со синглот ќе биде претставен и впечатлив видео клип кон него, кое е снимано во Бугарија – во Родопите.

Претстојниот нов албум на хорот „Мистеријата на бугарските гласови“ ќе биде издаден и распространет надвор од Бугарија од независната германска издавачка куќа Професи Продакшанс. Веста за склучениот договор меѓу нив и продуцентот на бугарскиот хор Шуберт Мјузик Паблишинг официјално беше официјално објавена пред неколку дена.

Издавањето на албумот е предвидено за почетокот на 2018 година, а бугарската публика успеа да ги чуе за првпат заедничките настапи на хорот и Лиза Жерар. Ова се случи за време на двата прекрасни концерти во јуни – во Софија и Пловдив.

Новиот албум на „Мистеријата на бугарските гласови“ е плод на речиси двегодишна работа на хорот, продуцентската екипа и сите други учесници. Специјален гостин во него е австралијанката Лиза Жерар позната на љубителите како член на дуото Дед кен денс, така и како композитор и изведувач на филмска музика. Во 2000 година таа беше наградена со „Златен глобус“ за музиката во филмот „Гладијатор“, создадена во соработка со композиторот Ханс Цимер. Во албумот учествуваат уште светскиот шампион по бијтбокс – SkilleR и германскиот перкусионист Дејвид Кукерман кој долги години работи со Лиза Жерар и Дед кен денс. Во песните своето неповторливо присуство имаат и бугарските музичари: Петар Миланов – гитара, Христина Белева – гадулка, Костадин Генчев – кавал и Димитар Карамфилов – контрабас.

Албумот е продуциран од Шуберт Мјузик Паблишинг, а песните во него се специјално компонирани за хорот од Лиза Жерар, ирскиот композитор Джулс Максвел и бугарскиот композитор Петар Дундаков кој е и музички продуцент на албумот.

Една од песните во исполнение на хорот и Лиза Жерар на концертот во Софиjа може да jа слушнете тука.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO