Австралискиот музички пионер и движечката сила на AC/DC Џорџ Јанг почина.

Починатиот на 70-годишна возраст, текстописец и композитор остави зад себе омилени песни како „Love is in the Air“ и „Friday on my Mind“. Тој стана познат во 60-тите години на минатиот век со групата „Easybeats“, но е најпопуларен со работата за AC/DC, оставајќи трага во албуми како „Let There Be Rock“, „Dirty Deeds Done Dirt Cheap“ и „High Voltag“.

„Со болка во срцето треба да објавиме за загубата на нашиот омилен пријател и ментор Џорџ Јанг“, се вели во соопштението на групата.

„Без негова помош, немаше да има AC/DC“, пишуваат од таму.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO