Најмалку 21 лице загина во шумските пожари што горат во Северна Калифорнија, соопшти американската служба за противпожарна заштита. Три лица загинале во областа Мендосино, и едно во Јуба. Вчера беше потврдена смртта на 17 лица.

Во осум области горат преку 20 пожари во кои изгореа околу 69.000 хектари земја и уништени се 3.500 објекти. Огнените стихии горат од неделата вечер кога силни ветрови урнаа далноводи кои се запалиле.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO