Полската Агенција за внатрешна безбедност го депортираше од земјата рускиот државјанин Дмитриј К. осомничен за контакти со руските спец служби и активности во спротивност со полските интереси, соопшти полската телевизија.

„Според Агенцијата овој човек е вмешан во иницирањето и спроведувањето на елементи од т. нар. хибридна војна против нашата земја“, рече прес секретарот на координаторот на спец службите во Полска Станислав Жарин. „Агенцијата откри дека тој активно контактирал со руската разузнавачка служба“.

Претставникот на Агенцијата рече дека Дмитриј К.  „работел под прикритие“ и се претставувал за научник и истражувач кој соработува на московскиот Институт за стратешки истражувања. „Благодарение на ова, тој создал контакти во круговите на научници и новинари“.

„Благодарение на познанства со луѓе, добронамерни кон Русија, тој им нудел научна соработка, публикации во различни научни институти во Русија, како и патувања или научни конференции, при што истовремено ги инструирал што да зборуваат и како да ја формулираат реториката во интерес на Русија “ вели секретарот за печат на полската агенција за внатрешна безбедност.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO