Високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини во Брисел изјави дека Унијата, Белград и Приштина работат на утврдување на содржината на „новата фаза на дијалог“ во декември и оти очекува „квалитетен скок“ во нормализацијата на односите меѓу двете земји во текот на идната година. Ова таа го кажа на прес конференцијата со премиерката на Србија Ана Брнабиќ која изјави дека договорот да се подигне нивото на дијалогот на ниво на претседатели е соодветно со оглед на тоа што преговорите се поместуваат од дневните политички теми.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO