Изјавите на српските политичира за менување на границите на Косово би можеле да имаат опасни последици за Западен Балкан, рече лидерот на ДУИ  Али Ахмети во интервју за агенцијата ʺКосова пресʺ.

„Ако ги отцртаме новите граници во Косово, тоа ќе предизвика домино ефект во други земји“, рече тој.

Според него, за оваа идеја е виновна Русија, која не сака Западен Балкан да биде дел од ЕУ и НАТО.

Ахмети ги повикува властите во Србија, Косово, но и во Македонија и Албанија да ги анализираат околностите и да видат што е решение за регионот.

Тој посочи дека на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две партии кои би можеле да ги заштитат нивните интереси. Лидерот на ДУИ повика за активност на локални избори во Македонија што ќе се одржат на 15-ти октомври.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO