Ќе направиме се што е возможно за да ја убедиме секоја земја членка одделно, како и Европската комисија дека Македонија заслужува следниот јуни да премине во следната фаза од европската интеграција и да почне преговори со ЕУ. Ова го изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за време на состанокот со дипломатите на земјите од Вишеградската четворка (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) и земјите од Западен Балкан.

Во своето обраќање Димитров посочи дека поради голем број причини, вклучувајќи и миграциската криза, сега се потврди тоа, дека Европа е помалку сигурна без интеграцијата на Западен Балкан.

„Ќе се потрудиме и ќе се фокусираме на реформите дома … Нема да се караме со соседите и ако има искушенија, туку ќе го искористиме овој процес, за да научиме како да станеме европски сојузници. Сакаме да ја искористиме оваа историска можност што е пред регионот „, додаде тој.

За време на средбата унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта сака ЕУ и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан. „Сакаме датум за почеток на разговорите за Македонија и Албанија најдоцна во првиот квартал од 2018 година“, рече тој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO