Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саeнс де Сантамарија наjави дека лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон не знае каде се наоѓа и каде оди, откако во каталонскиот парламент беше потпишана декларација за независност која веднаш потоа е суспендирана.

За денеска е закажана вонредна седница на шпанската влада на која ќе се разговара за одговорот на каталонската одлука. Пучдемон потпиша синоќа декларација за независност на Каталонија од Шпанија, која потоа ја суспендираше. Во документот се наведува дека се формира „Република Каталонија како независна, суверена и правна држава“. Но, потоа тој ја суспендираше примената на декларацијата повикувајќи на дијалог со централните власти.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO