Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска, на покана на унгарскиот колега Петер Сијарто, ќе учествува на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.

На состанокот на кој се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. Вишеградската група која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO