Григор Димитров ќе излезе за својот натпревар од третото коло на Мастерсот во Шангај против Сем Куери утре од околу 06:00 часот по македонско време. Ова стана јасно откако организаторите на турнирот ја објавија програмата за утре.

Дуелот на хасковлијата е прв во програмата,откако двајцата тенисери ќе ги измерат силите повторно на Централниот терен во Шангај.

Бугарскиот прв рекет стигна до оваа фаза во натпреварувањето, откако денеска победи со 3-6, 6-3, 7-6 (6) во исклучително драматичен судир со Американецот Рајан Харисон.

30-годишниот Куери пак од своја страна постигна релативно лесна победа со 6-3, 7-6 (7) над сонародникот Френсис Тиафо.

Ова ќе биде трет дуел меѓу Гришо и 17-тиот во светот Американец, досега бугаринот има две победи. За последен пат двајцата ги измерија силите на турнирот на трева „Квинс Клаб“ во 2015 година, каде Димитров стигна до успех со 2-1 во сетови.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO