Руските МиГ-ови, кои минатата недела беа предадени во Србија, се стари 28 години. Нивниот живот е 25 години, но е продолжен до 30 години.

Ова го пишува белградското издание „Блиц“ во голема статија. Тој детално специфицира дека МиГ-овите не ќе можат да летаат пред летото следната година, бидејќи дотогаш треба да се смени комуникацискиот систем. Во моментов тоj е руски, а во Србија се користи западен стандар на навигациски систем ICAO.

Минатата недела по пристигнувањето на МиГ-овите, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија има „најмоќна авијација во регионот“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO