Министерството за надворешни работи на Бугариjа најави конкурс за именување на 15 државни службеници на позицијата „практикант-аташе“.

Целта е да бидат привлечени повеќе млади луѓе во бугарската дипломатска служба, кои ќе имаат можност еден ден да ги наметнат интересите на земјата во странство или да jа градат надворешната политика од Софија. „Бугарската дипломатска служба има потреба од подмладување. Освен конкурсите за практикант-аташеа, размислуваме и побрз кариерен раст на младите дипломати“, коментира порано по тој повод вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.

Кандидатите можат да ги достават своите документи за аплицирање најдоцна до 24-ти октомври.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO