1927 година умира Ипократ Томев Развигоров , бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Роден е во 1900 година во Штип во семејството на долгогодишен бугарски учител. Внук на Мише Развигоров и син на долгогодишниот учител Томе Развигоров.

543245_428331423890129_1693998550_nПо завршувањето на основното образование работи како бакалин и фурнаџија во својот роден град. Во 1922 година преминува во илегала и учествува во голем број акции на ВМРО. До 1925 година е учесник во четите на Григор Хаджикимов и Панчо Михајлов во Кочанско. За време на Горноџумајско настани заедно со Христо Балвански, внук на Иван Брло е телохранител на Петар Шанданов, Панчо Михајлов, Иван Михајлов и Јордан Гjурков. Во 1925 година врши атентат над комунистичкиот пратеник Харалампи Стојанов.

Во 1927 година тројка на ВМРО, во која освен Ипократ Развигоров влегуваат и сограѓанинот му Илија Лилинков и Благој Кралев од Куманово спроведуваат казнена акција на ВМРО против српскиот генерал Михајло Ковачевиќ – убиен на 5 октомври во Штип. Го напуштаат Штип, но на 8 октомври Кралев е фатен крај Калаузлиjа, а на 9 октомври Развигоров и Лилинков се откриени од српските сили во пештера во планината Плачковица. Водат борба против многуброен противник во текот на 20 часа. Откако им завршува  муницијата, Развигоров и Лилинков се самоубиваат.Атантатот против генерал Ковачевиќ предизвикува несигурност и дури паника меѓу српските владетели, не само во Македонија. Тоа е и повод за големи репресии – убиства, апсења, тепачки, претреси и судски процеси. Меѓу убиените непосредно по нападот се братот на Ипократ Развигоров, таткото на Илија Лилинков, членови на семејството на Иван Михајлов и други.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO