Италијанските власти предвидуваат многу високи казни за туристите што би земале песок од плажите, со цел да се заштити природата и песокот.
Владата на Сардинија забранила земање песок дури и во мали количества, каменчиња, кварц и школки. Според законот воведен летово, секој што „ќе земе, задржи или продаде мали количества без дозвола“, ќе се соочи со казна меѓу 500 и 3.000 евра.

BBC објави дека само во летните месеци од 2015 година речиси пет тони песок биле задржани на аеродромот Елмас. Песок е откриван и на аеродромите Алгеро и Олбија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO