Францускиот неделник France Football ги објави на Твитер имињата на петмина од номинираните за наградата „Златна топка“.

Меѓу претендентите за престижната награда се Нејмар (ПСЖ), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Паоло Дибала (Јувентус), Марсело (Реал Мадрид) и Н’Голо Канте (Челзи). Целосната листа на 30 номинирани фудбалери ќе биде објавена до 19 часот по македонско време.

Француското списание „Франс Фудбал“ го наградува со наградата „Златна топка“ најдобриот играч во Европа од 1956 година наваму, а во анкетата гласаат спортски новинари (173). Минатата година наградата му беше доделена по четврти пат на Кристијано Роналдо.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO