На крајот на септември во Бугариjа редовните статистики за надворешниот долг беа објавени од јули 2017 година. Бруто надворешниот долг продолжи да опаѓа до 33,1 милијарди евра или 66% од бруто-домашниот производ во земјата, што е најниско учество во БДП од 12 години. Во исто време, бруто надворешни активи се 33,5 милијарди евра, што е близу до апсолутниот рекорд поставен пред неколку месеци.

Но, најинтересно е друго – нема нето надворешен долг (всушност, тоа е дури и малку негативно). Ова значи дека земјата има повеќе девизни резерви од надворешните долгови на државата, банките и компаниите. За земји како Германија таквата состојба може да биде нормална, но за Бугарија тоа е без преседан.

уште по темата читаjте ТУКА

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO