Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература е британскиот автор од јапонско потекло, Кадзуо Ишигуро.

Наградата се доделува за неговите романи кои „со голема емотивна моќ ја откриваат бездната под нашето илузорно чувство за врска со светот“, соопштуваат од шведската академија.

Ишигуро е роден на 8 ноември 1954 година во Јапонија, но уште на петгодишна возраст се преселил со своите родители во Велика Британија, каде што дипломирала англиски јазик и филозофија на Универзитетот во Кент, по што и креативно пишување на Универзитетот во источна Англија.

Неговата прва книга „Уште еднаш во Нагасаки“ излегува во 1982 година Дејството во неа, како и во второто му дело – „Уметникот на променливиот свет“ (1986 година), се одвива во јапонскиот град Нагасаки неколку години по крајот на Втората светска војна.

Меѓу темите кои се најмногу засегнати во неговите дела се оние за паметта, времето и самозаблудите, соопшти Академијата. Тие се особено впечатливи во неговиот најпознат роман, ʺОстатици на денотʺ (1989), кој беше екранизиран неколку години подоцна. Антони Хопкинс глумеше во истоимениот филм како Стивенс.

„Делата на Ишигуро се обележани со претпазливо ограничен начин на изразување, независно од настаните што се случуваат“, се вели во соопштението на Академијата.

Освен неговите осум романи, Ишигуро пишува и разкази, како и сценарија за кино и телевизија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO