На стартот, на реформаторите им беше префрлено зошто молчеле досега. Тие одговорија – за да не и` наштетат на партијата.

Лидерот  не им оддаде признание за претходната лојалност кон партијата, но ги жигоса поради постизборната нелојалност. И, спротивно на нивната заложба за демократизација/реформа на партијата, уште еднаш „централистички“ си стокми нов извршен комитет, засилен со еден од идеолозите на терористичкиот напад врз Собранието.

Во меѓувреме пак се најдовме пред избори, сега локалните. Од кругот на реформаторите излезе глас во полза на предизборната логика – да не и` се наштети на партијата!

Такво евентуално позиционирање  на реформаторите, нив би ги изедначило ментално со авторот на една психијатриска дијагноза на лидерот, но кој до ден-денес му останува лојален! За разлика од состојбата пред парламентарните избори, сега знаеме дека во партијата имало противници на „централизмот“, но тоа го потиснуваат или одлагаат за да не и` наштетат на партијата.

Колумната на Димитар Димитров во целост може да ја прочитате на сајтот на prizma.mk.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO