Светската здравствена организација предупреди на нeзаразните болести што се причина за најмногу смртни случаи во светот и побара државите да ги засилат напорите за да постигнат цели поставени во 2015 година.

Во својата прва евалуација, СЗО нагласува дека „светот не е на патот да ги исполни целите“ на намалување на смртноста од незаразни болести до 2030 година. „Постигнат е напредок, но многу ограничен“, изјави Даглас Бечер директор на одделот за превенција на незаразни болести во СЗО. Тој додаде дека е потребна итна акција.

Незаразните болести убиваат повеќе од 40 милиони луѓе секоја година од кои 15 милиони на возраст меѓу 30 и 70 години. Повеќе од 80 отсто од тие смртни случаи се во категоријата „предвремени“.

Најголем број животи одземаат кардиоваскуларните болести – 17,7 милиони годишно, следуваат рак со 8,8 милиони, болести на дишните патишта – 3,9 милиони и дијабетес кој убива 1,6 милиони луѓе.

За да се промени ефикасноста на борбата против незаразните болести СЗО постави 19 цели меѓу кои – зголемена цена на цигарите, усвојување национални политики во поглед на конзумирање сол и промоција на доење.

Во извештајот се вели дека најмногу направиле Костарика и Иран со исполнети 15 од 19 цели. Следат Бразил, Бугарија, Турција, Британија. Ниту една цел не исполниле Ангола, Екваторијална Гвинеја, Гвинеа Бисао, Јужен Судан.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO