Полицијата во Сао Паоло уапси 16 лица осомничени за грабеж на банка, објави Глобо.

Тие ископале длабок тунел од 500 метри кој водел до сводот на Banco do Brasil. Според истрагата, осомничените планирале да украдат една милијарда реала (318 милиони долари). Полицијата откри дека заговорниците потрошиле околу еден милион долари за изградба на тунелот.

Според полицијата, овој грабеж можел да стане најголем во историјата на земјата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO