Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) најмногу чист алкохол се пие во Литванија, соопшти в. „Аргументи и факти“.

Нивото на употреба на „огнена вода“ во балтичката република е 18,2 литри по глава на жител. Второто место во „почсниот“ пласман е за Белорусија, каде што се употребуваат 16,4 литри годишно. Првата тројка завршува со Молдавија, каде се употребуваат 15,9 литри.

Русија, која беше синоним за употребата на водка, е четврта со 13,9 литри. Руските институции, сепак, даваат различни бројки според кои во 2016 година за која се однесува рејтингот, во Русија се пие 10 литри, додека во 2009 година индикаторот е за 50% повисок.

Оценката на СЗО за најефикасните мерки за ограничување на употребата на алкохол е ограничување на пристапот до пијалаци, забраната за рекламирање и ценовната политика на државите. Овие мерки најдобро се применуваат во Западна Европа, помалку во источните делови на континентот.

Романија, е петта во алкохолното рангирање со 13,7 литри годишно колку што пијат во Чешка. Хрватска и Бугарија, заостануваат со само 100 грама и се на 7 и 8 место. Белгијците се деветти со 13,2 литри. Првите десет завршуваат со Украина, каде што просечната потрошувачка по глава на жител е 12,8 литри.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO