Техничкиот директор на eBay ги испратил своите деца во училиште без компјутери. Истото важи и за вработените во другите гиганти на Силиконската долина – Google, Apple, Yahoo !, Hewlett-Packard, пишува в. „Аргументи и факти“.

Руското издание коментира: „Нашите напредни мајки се фалат една на друга:“ Мојата на 2 години знае како да си игра со таблетот „. Другата вели: „Мојот 7-годишен син создаде профил на YouTube.“ И сите колективно се стремат френетично кон компјутерските училишта, велејќи: „О, зошто да се учат да пишуваат со пенкало, тоа е толку застарено“, „О, зошто ги поттикнуваат децата да учат поезија од минатиот век, би било подобро да направат 6 компјутерски презентации. „И така се лажат сами себе си.“

Во времето кога остатокот од светот се повеќе се пристрастува кон интернеотт и постепено истото се случува и со нивните деца, најпаметните луѓе избираат за нивните деца „назадничаво“ образование.

Сега, меѓу вработените во Силиконската долина, особено модерно било училиштето ʺ Waldorf of the Peninsulaʺ. Училниците имаат максимално старомоден стил: ; мебе;,  табли; библиотеки со различни книги, без таблети наместо учебници и тетрадки. Употребата на таблет и т.н. електронските уреди се забранети во училниците.

Токму пред 10-15 години таквиот пристап се придржувал и еден од најпознатите компјутерски гении. Трите деца на Бил Гејтс до 14 годишна возраст немале право да имаат смартфон. Но, дури и по оваа возраст, таткото ја ограничувал нивната „електронизација“, имајќи ги во предвид штетите што може електрониката да ги нанесе на здравјето.

Основачот на Apple Стив Џобс исто така строго ги ограничувал четирите деца од прекумерното употреба на технолошки уреди, вклучувајќи и iPad. Тој им вовел на децата забрана за користење на нивните таблети во текот на ноќта и за време на викендите. Мобилните телефони не биле присутни на трпезата.

Примерот на Гејтс и Џобс е проследен од извршниот директор на 3D Robotics Крис Андерсон. Според Андерсон, опасноста од нови технологии лежи во штетната содржина и зголемената зависност од е-иновациите.

Меѓу „угнетувачите“ на слободите се и други истакнати имиња од ИТ револуцијата. На пример, основачот на Twitter Еван Вилијамс им дозволувал на своите деца да ги користат таблетот и смартфонот само по еден час на ден. Кога се обиделе да организираат протест, таткото рекол: „Има неколкустотина  книги на хартија дома. Ако сакате да се забавувате, читајте колку сакате!“.

Неодамна, четиригодишниот британски принц Џорџ тргна на училиште. Но во публикациите за тоа малку внимание се обрба внимание на фактот дека во неговото училиште – „Thomas’s Battersea“ во југозападен Лондон, е забрането користењето на компјутери.

Приврзаниците на обука без IT се на мислење дека компјутерите го потиснуваат креативното размислување, меѓучовечките односи и вниманието.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO