Една од најожиеваните точки на интерес на Меѓународниот саем во Пловдив е тркачкиот болид дизајниран од Ричард Мил, кој е вклучен во „Формула 1“.

Автомобилот е дел од изложбата на маталопреработувачкото претпријатие „Тексим“, додека изложбата „АвтоСвет Пловдив“ на отворени простори ги привлекува посетителите кои можат само да мечтаат за такви големи брзини, но тешко можат да си го дозволат тоа. Навистина, високата технологија веќе е вградена во обичните автомобили, а дел од изложбата на производители на автомобили, исто така се и системите за побезбедно и поудобно возење.

На изложбата се прикажани лесни и комерцијални возила, автобуси, минибуси и опрема за специјална намена од најновата генерација. Интересни се трите производни серии на Ford Trucks, камионите Isuzu, All-New Hyundai i30, новите модели на Škoda – Rapid и Karaoqе. Прелиминарните очекувања беа една од сензациите да стане „Лада Веста“, која е со високо ниво на опрема и тоа се потврди, најмногу луѓе доаѓаат токму крај неа.

„АвтоСвет Пловдив 2017“ се издвојува со посилна деловна ориентација. Има повеќе камиони и пикап камиони, комунални и специјализирани машини, автобуси и минибуси. На пример, Bulavuto ги претставува камионите на Ford Trucks, камионите и автобусите Iveco. Изложбата на Isuzu вклучува автобуси и камиони Isuzu, автобусите Autokam – Otokar и камионите KAMAZ.

Се предлагаат флексибилни шеми за лизинг и промоции се достапни за са им се олесни на претпријатијата кои сакаат да го надградат и да го прошират својот автопарк. Меѓу најатрактивните понуди се оние на брендовите Sitroen Peugeot, , Isuzu, Piaggiо Commercial Vehicles, Hyundai, Škoda, Toyota, Лада и други. Со персонално развиени лизинг шеми на BBM може да се купат автомобили и камиони, автобуси и минибуси, специјализирана опрема.

На AutoTech изложбата повторно се нуди сè за сервис за автомобили. Еден од интересните експонати е опсегот на станици за полнење за електрични возила за домашна и за јавна употреба. Таа е разработена од ʺЕлпром ЕМЗʺ и исто така кадидира за златен медал.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO