Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кажа оти досега се сретнал со околу 250 домашни и странски компании и оти има такви кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија откако Владата ќе ги објави мерките за индустриски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Мерките ќе бидат најавени во среда, а детали ќе се соопштат во четврток.

„Многу странски компании сакаат да инвестираат во Македонија. Има најмалку 10 кои по објавувањето на мерките ќе инвестираат во Македонија. Мерките нема да бидат редуцирани за странските компании, туку ќе важат и за македонските компании. Мерките ќе важат за сите кои ќе дадат придонес за македонската економија“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO