
Американската пејачка и композитор Никол Шерцингер откри дека давала крв, само за да добие пари. Семејството на поранешната пејачка од „Пусикет Долс“ не можело да си дозволи да ја испрати во колеџ, поради што и се наложило да помине низ голем број нископлатени работни места во обид да заштеди за своето образование.
„Направив многу за да одам на колеџ – бев шминкерка, пеев опера во италијански ресторант …“, сподели таа. Најкрајната мерка беше давање крв за пари.
39-годишната убавица се чувствува многу горда на напорите кои ги довеле до остварување на сонот. Таа признава дека е задоволувачко да го постигне сама сопствениот успех во музичката кариера, наместо да го добие дарум.
Таа објасни пред „Cosmopolitan“ уште: „Не можев да си дозволам да посетувам вокални или танц лекции, затоа во основното училиште сфатив дека ако отидам во посебно средно училиште, би можела да влезам во школата за уметност во кое сакам да одам.
По неколку години битка со сиромаштијата, судијата од „X Фактор“ признава дека сеуште е многу штедлива и внимателно размислува за трошоците и не прифаќа ништо здраво за готово.
