Германскиот автомобилски гигант Фолксваген, заедно со своите заеднички кинески компании, ќе повлече 1.82 милиони автомобили од азиската земја. Причините за оваа мерка се оштетените пумпи за гориво, објави Генералната дирекција за контрола на квалитет на компанијата.

Станува збор за моделите Magotan (2007-2014) и Volkswagen CC (2009-2014), како и за Passat (2011-2015). Дефектот може да предизвика блокирање на моторот поради неисправност на електрониката во пумпата за гориво.

Компаниите ќе ги заменат модулите за управување со пумпата за гориво на 25-ти декември.

Минатата недела, компанијата ги информираше американските регулатори дека повлекува 281.000 автомобили поради слични проблеми со пумпа за гориво.

„Фолксваген“ се обидува да ја врати својата репутација по т.н. афера „Дизелгејт“. ТАТКОВИНА потсетува дека во 2015 година компанијата призна за 11 милиони свои автомобили со софтвер кој отчитува пониски нивоа на испуштање на штетни гасови и така се заобиколуваат регионалните еколошки стандарди. Подоцна стана јасно дека всушност моторите на автомобилите исфрлале до 40 пати над европските норми на азотен оксид. Ова доведе до повлекување на милиони автомобили низ светот, предизвикувајќи оставки на некои од врвните директори на VW, намалување на преку 30.000 вработени, бројни критики и истраги против германската компанија од целиот свет. Во моментов, произведувачот на автомобили плаќа десетици милијарди долари за аферата.

Компанијата продолжува да биде во фокусот на бројни истраги и многу други места низ целиот свет поради скандалот кој го уништи дел од имиџот и ја топи нејзината пазарна капитализација.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO