Траурната служба за познатата француска актерка Миреј Дарк, која почина на 79-годишна возраст во неделата, ќе биде во црквата Сент-Сулпице во Париз денес.

Во 60-тите и 70-тите, амблематичната актерка се снима во педесет играни филмови, од кои 13 беа во режија на Жорж Лотнер.

Миреj Дарк е и сценарист и режисер, но таа започна како фотомодел. Во 2005 година таа стана дама на Легијата на честа на Франција.

Миреј Дарк е родена на 15 мај 1938 година во Тулон. Нејзиниот татко е градинар а нејзината мајка е продавачка во бакалница за намирници. Дипломирала на Конзерваториумот за драмски уметности во нејзиниот роден град, а потоа се преселила во Париз во 1959 година за да продолжи со актерска кариера.
Во 1968 год. Се сретнива со Ален Делон и тие заедно остануваат 15 години. Во 1980 година, таа претрпела сообраќајна несреќа, а потоа таа била имобилизирана три месеци поради нејзината фрактура на ‘рбетот и имала операција на нејзиното срце. Кратко потоа, Миреј Дарк и Ален Делон се разделуваат во 1982 година.
Во почетокот, Дарк работела како фотомодел, а потоа почнала да добива мали улоги. Дебитираше на телевизија во 1960. Во 2003 Дарк и Делон се снимаат за телевизиската серија „Франк Рива“, а во 2005 и 2006 година играат заедно на театарската сцена.
Во 1972 Миреј Дарк се снима во „Високиот рус маж со црната обувка“, и предизвикува бура, кога се појавува со прилепен долг фустан на Живанши, чиј грб е исечени дури до под половината. Во 1974 излегуваат „Ледена гради“ и „Враќањето на високиот рус маж“, во 1977 – „Смртта на еден измамник“, во 1981 „За кожата на еден полицаец“.
По повод смртта на Дарк францускиот министер за култура, Франсоаз Нисен напиша на „Твитер“: „Не напушти една од најголемите фигури на француското кино. Миреј Дарк беше талентирана актерка и храбра жена, совесно ги извршуваше преземените обврски“,
„Таа беше олицетворение на слободната жена во нејзиниот сјај. Вистински француски шик „, рече поранешниот претседател на филмскиот фестивал во Кан Гил Јаков.
Францускиот актер Ален Делон призна во списанието „Пари Мач“ дека актерката била љубовта на неговиот живот.
„Миреј Дарк беше жената на мојот живот и без неа, и јас веќе можам да се упатам кон задгробниот живот“, рече актерот по повод смртта на 79-годишната актерка.
„Денес ми се допаѓа возрастта на која сум, а не сум 40 годишен. Затоа нема да имам многу години без Миреј, нема да страдам долго во нејзино отсуство. Без неа, веќе можам да се упатам кон задргробниот живот. Бевме толку среќни заедно! Таа ми беше половината. Ние не си поставувавме прашања, ние само се дополнувавме „, откри тој.
Вистинското име на актерката е Мираж Егро (Aigroz). Таа го зема уметничкото име Дарк, позајмувајќи ја од Жана Д’Арк, на самиот почеток на нејзината кариера кога е принудена да се бори за улогите.
На крајот од својот живот, Дарк работеше главно зад камерата и снимаше документарци за проституција, рак и бездомници.
Миреј Дарк беше хоспитализирана во 2016 година по два последователни инсулти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO