„Недостатокот на квалификувани кадри станува се поголем предизвик за германските концерни“, тврди Кристијан Бjолхоф, шеф на швајцарската консултантска фирма „Прогноз“. Од нејзино актуелно истражување станува јасно дека во блиска иднина германската економија ќе се соочи со многу сериозен недостиг на квалификувани кадри. Според пресметките на „Прогноз“, во 2030 година во Германија ќе недостасуваат околу 3 милиони специјалисти, а во 2040-та – барем 3,3 милиони. „Ќе има недостиг на квалификувана работна сила во речиси сите бранши на економијата, бидејќи во овие години во пензија ќе излезат најмногу многубројните генерации работници“, констатира „Прогноз“.
Authorization