Фејсбук објави дека страниците што распострануваат лажни вести веќе нема да можат да се рекламираат на водечката онлајн социјална мрежа во светот.

„Ако некоја страница многукратно споделува информација класифицирана како невистинита“, нема да може да се рекламира на Фејсбук, стана јасно од соопштението од веб-страницата на компанијата.

„Оваа иновација ќе овозможи да се намали ширењето на невистини за печлење пари или за приватни интереси“, рече тој.

Раководството на технолошкиот гигант потсетува дека лажните вести се опасни за целиот свет. Тие беа сериозен проблем за време на американската изборна кампања минатата година, кога лажните истории беа емитувани на социјалните медиуми, со цел да ги збунат гласачите.

Практиката на борба против лажни информации, исто така, е преземена од Google, кој претходно оваа година додаде маркер за проверка на фактите при барањето на вестите.

Двете компании користат алатки од трети лица за да утврдат кои вести не се совпаѓаат со реалноста.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO