Samsung го претстави новиот модел на Galaxy Note со ветувањето дека времето на експлодирачките батерии е во минатото, отворајќи нов предизвик на Apple и наскоро да се очекува и ајфон 8.
За време на презентацијата на новиот „фаблет“ (игра на зборови помеѓу телефон и таблет – phablet) раководството на компанијата се заблагодари на сите нејзини верни обожаватели кои не се откажале од производите и покрај проблемите со батериите на некои уреди.
Јужнокорејскиот гигант тврди дека е првиот што произведува фаблет чиј почеток беше поставен со првите уреди од серијата Note пред пет години.
Новиот Galaxy Note 8 ќе има двојна задна камера со подобрени способности за правење на снимки, како и познатото на корисниците пенкало S Pen за цртање и пишување по екранот.
Новиот модел доаѓа со вграден Bixby – виртуелниот асистент на „Самсунг“, во обид да одговори на конкуренцијата на програмите со вештачка интелигенција на „Епл“ и „Андроид“. Телефонот исто така има зголемен отпор на вода и отпорност на прашина и може да се полни безжично.
Цената на уредот не е соопштена. Таа ќе стане јасна по неговото пуштање во продажба на 15 септември.
Според експертите, Note 8 е најдобрата шанса на Самсунг за враќање на пазарниот удел во индустријата за паметни телефони со години.
Презентацијата на Note 8 доаѓа месец пред очекуваното претставување на новиот ајфон 8 во септември по повод десетгодишнината на компанијата. Според извештаите новиот телефон ќе има екран без рамка и нова предна камера која ќе поддржува 3D препознавање на лицето. Исто така се очекува да има стаклен заден капак и опција за безжично полнење.