Илјадници поклоници ќе го посетат и оваа година Бачковскиот манастир за празникот на Света Богородица, кој црквата одбележува на 15 август.

Во пресрет на празникот Бачковскиот манастир се подготвува. Манастирот и неговата околина се омилено место за аџилак и рекреација на мнозина. Во главната црква е изложена чудотворната икона на Света Богородица. Таа е предмет на реставрација од неколку години.

Два века иконата била скриена во планината и тоа се одразува на нејзината состојба, од неколку години нејзина копија се вади за литиjните поворки. Но, и покрај сето тоа е таму, во храмот и пред неа секогаш има луѓе.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO