Пет верзии на ремек делото „Сончогледите“ на Винсент ван Гог ќе бидат претставени во живо во понеделникот на три континенти, соопштија од музејот на уметникот во Амстердам.

„Во понеделник Фејсбук ќе e домаќин на пет изложби во живо, во кои меѓународни музејски директори и конзерватори ќе ја претстават верзијата на сликата во својата институција“, станува јасно од соопштението.

Преносот во живо ќе започне со Националната галерија во Лондон во 16:50 часот по Гринич.

Амстердамскиот музеј „Ван Гог“ следува во 17:10 часот., Пред да ја предаде штафетата на Минхен во 17:30 часот., Следен од Филаделфија во 17:50 часот. Настанот ќе заврши со Музејот на уметност во Токио, кој ќе го покаже своето дело во 18:10 часот.

„Оваа слика инспирирала генерации низ целиот свет, рече директорот на музејот во Амстердам Аксел Рјугер.

„Бидејќи петте слики се на различни континенти, не беше можно да ги разгледуваме заедно. Тоа се промени и сме исклучително горди“, додаде тој.

„Сончогледите“ се вбројуваат меѓу најпознатите дела на холандскиот мајстор. Тие се насликани меѓу 1888-89 година, додека уметникот живеел во Арл во јужниот дел на Франција.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO