Селена Гомез, Тимоти Шаламет и Ел Фанинг се присоединија на листата на актери во новата продукција на Вуди Ален. Детали за филмот сепак се уште не се познати.

Ален се поврзал со Amazon Studios за проектот, откако работеше со компанијата и за филмовите „Cafe Society“ и претстојниот „Wonder Wheel“.

Студиото ја продуцираше и неговата прва телевизиска серија „Crisis In Six Scenes“.

Се смета дека снимањето на неименуваниот проект наскоро ќе почне.

Филмот „Wonder Wheel“ е со учество на Кејт Винслет, Џун Темпл, Џејмс Белуши и Џастин Тимберлејк. Тој ќе биде пуштен во октомври.

Ел – помалата сестра на актерката Дакота Фанинг – се појави во „The Beguiled“ на Софија Копола заедно со Кирстен Данст, Никол Кидман и Колин Фарел претходно оваа година.

Гомез доби популарност со телевизиската серија „Wizards of Waverly Place“ на „Дизни“. Шаламет пак се појави за прв пат во 2014 година „Interstellar“, заедно со Метју Макконахи, Ен Хатавеј и Џесика Частејн.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO