68-годишниот ветеран ги отфрли тврдењата дека оваа музика веќе е мртва, но призна дека е изненаден од некои од последните промени во музичката индустрија.

Ози објаснува: „Јас уште сум жив. Никогаш не мислев дека ќе го видам крајот на снимена во студио музика. Никогаш не користам компјутер. Сè е целосно променето. Многу луѓе денес крадат музика, затоа многумина не можат да си дозволат да го прават тоа повеќе „.

Ози тврди дека нема намера да се повлече во блиска иднина и открива дека ќе продолжи да се пројавува додека е во состојба да го прави.

Тој признава никогаш не гледал на својата кариера како на работа, туку како на „страст“.

Поранешниот пејач на „Блек Сабат“, рече за 95 WIIL Rock: „Мислам дека ќе го правам тоа додека умрам. Тоа не е работа, тоа е страст. Одлично е и добиваш повеќе отколку што си дал „.

Во меѓувреме, поранешниот колега на Ози Тони Јоми, рече минатата година дека инсистирал Black Sabbath да не свират повеќе, бидејќи не сакал да умре на сцената.

Гитаристот беше дијагностициран со ран стадиум на лимфома во 2013, а дијагнозата го натера да ја преиспита својата иднина во музичкиот бизнис.

„Откако ми ја поставија дијагнозата, целиот мој живот се промени. Требаше да размислам сериозно за работите. Не можам само да си подготвам куферот и да заминам „, рече Јоми.

„Не сакам да продолжам и да издишам на сцената. Ако ќе се случи, подобро да сум дома „, резимира Јоми.

„Блек Сабат“ го имаа последниот концерт во родниот град Бирмингем во февруари.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO