На само 100-на километри од македонската престолнина Скопје, во планината Бистра, се наоѓа една од најубавите планински предели – Галичник, богат со личности, историја, култура, млекарството … Тука се родени едни од најистакнатите иконописци, дърворезбари, ѕидари и овчари. И, се разбира фолклорни легенди како Александар Сариевски, кој со божествен глас ја исполнуваше- Зајди, Зајди, јасно сонце. Тука се одржува и незаборавната печалбарска „Галичка свадба“ на Петровден.

Освен тоа Галичник е богат и со околината, каде секој може да остане со себе во Бигорскиот манастир, да ја види потопената црква „Свети Никола“ крај Мавровското езеро, да испие една лута македонска ракија во живописните села како Јанче, Тресонче, Селце и уникатното Лазарополе.

Само пред 70-80 години во селото Галичник живееле близу 6.000 лица. Во планинските масиви се одгледувале над 120 000 глави овци. Но доаѓа 1945 години и југословенската комунистичка партија за недели опустошува сè. Прво ги одзема овците, а потоа земјата. „Имаше луѓе кои полудеа. Замислете што значи да ти одземат 10-15 000 глави овци“, ни раскажуваат денешните потомци на галичаните пред споменикот на Ѓорѓија Пулевски до црквата „Св. Петар и Павле“, која се издига гордо на плоштадот во центарот на селото.

На времето имало три дела – Горен, Долен и Среден Галичник. Така беа распределени и гробовите. На крајот на 60-тите години на минатиот век Галичник опустошува во рамките на 1-2 години. Во продолжение на 20 години луѓето се мачат да преживеат, но останале без издршка без животни, без право да ја стопанисуваат земјата своја, власта им забранува да одгледуваат дури и кози. И сето тоа се случува на местото, за кое старите раскажуваат: „Галичник го хранеше цел Стамбол“.

Галичаните се слават со својот комитски дух, патриотизам, вродени таленти за резба, делкан камен … но и чувство за хумор и духовитост. Така, кога во 1945 година во Галичник пристигнува претставникот на угодиктаторот Тито и им објаснува зошто им ги одземаат животните, земјата и егзистенција и на крајот гордо им вели: Не грижете се, од тука натаму партијата ќе се грижи за вас, таа ќе ги плаќа сметките , таа ќе работи за вас, еден од присутните се предвижува со запрежната кол во локалната продавница и товари вреќи со брашно, шеќер и други прехранбени производи. Откако продавачот го прашал кој ќе плати, тој одговорил: „Па, оној со кожниот мантил и неговата партија …“ Во тоа време Галичник имал и сопствена хидроцентрала, но и таа се покажа непотребна за Титова Југославија. И Галичник останува на темно некое време …

Тука турчин не командувал, но 1945 година се покажа покатастрофална од османлиското ропство.

Покрај храмот „Св. Петар и Павле“ во Галичник има уште две цркви „Света Петка“. Едната се наоѓа во шумата од спротива и таму се слави „Пребражение“. Таа е целосно обновена од родот Филиповски. Другата црква е на крајот на Галичник и во моментов е речиси целосно реставрирана со донации на галичаните. Таа датира од 16-тиот век.

Своевремено цели бродови го изнесувале до САД познатото Галичко сирење. Денес тука има една мала Мандра, која работи само во активната сезона. По убавите ливади денес се гледаат малку стада.

Во викендите и во текот на летото Галичник е по-жив. Гордите Галички внуци го стегнале куќите во автентичен стил. Градините им се убаво подредени. Во зима тука тешко се доаѓа, но во текот на летото тешко си одиш ….

Од 1990 година тука постојано живеат Павле и Борка Лукановски. Тие се и единствените жители кои живеат во текот на целата година во Галичник. Двајцата ја стопанисуваат куќата за гости „Баба и Деде“. Во текот на летото им помагаат децата и внуците. Стануваат рано – кон 5.00 и си легнуваат по последните гости. „За мене е исклучителна гордост да бидам Галичанин. Тука сум одраснал. Тука ќе бидам до крајот на својот живот. Галичник е нешто свето за Македонија, но за жал државата прави многу малку нешта за нас. Да не кажам ништо. Треба да се изгради патот … за да има живот. 6 месеци од годината ние сме целосно отцепена од светот „, вели Павле, чиј татко е познатиот локален комита Јордан.

Павле кажува дека од целиот свет доаѓаат туристи. „Доаѓаат и од Бугарија, но сакам да доаѓаат повеќе … Ние сме сродни по сè“, вели тој и ја прегрнува баба Борка, која исто така е од комитска фамилија од село Лафчани, Кичевско. Двајцата мечтаат Галичник да не биде заживен само околу „Галичка свадба“. По старата традиција печалбарите од „Галичник“ се враќале на Петровден за да се оженат. Имало години кога се кревале и над 30 свадби на овој христијански празник.

Од 1963 година тука беше оживеано нејзиното спроведување под нејзиниот автентичен изглед. Рано наутро на Петровден зетот и најблиските роднини одат на гробишта да ги поканат на веселбата мртвите. Музичарите свират тажна музика, а младите сакаат „дозвола за свадба“ и да ги поканат. Најнапред оди младоженецот со бокалче вино. По него одат блиските со ракија и колачи. Пред гробот момчето се поклонува три пати го пали кандилото и свеќи, низ солзи ги  поканува покојните, додека музичарите од страна исполнуваат тажни песни.

Еве свадба ке правиме, без тебе, татко, жала и плача

шчо не си со мене да ми

заличиш софрата,

да ми пречекаш роднини,

роднини и приятели твои и мои!

Прости ми татко ја ке се жена,

остани радостен шчо те посетив,

шчо те посетив, што те почестив.

Потоа невестата пред чешмата „Упија“  го игра „Невестиното оро“, а останатите „Тешкото печалбарско оро“. Потоа невестатаја  зема јамката и вели: Во прстенот те гледам во срцето ти  ќе влезам!

Денес кога ќе видат непознати по улиците галичаните веднаш ги застануваат и прашуваат: Ти од кој си и почнуваат да ги изредуваат имињата на славните родови. Разговорот речиси секогаш завршува со зборовите. Абе, штом дедо и баба ти се од Галичник, значи биле големи луѓе …

Големиот Григор Прличев во поемата си „Сердарот“ исто така го овековечува Галичник. Еве и првите редови.

Пискотници се слушаат од Галичник до Река,
што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
Ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?
Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал.
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој . . .“
Галичанецот секогаш се враќа. Едно време на Петровден. Денес за да се насладува на убавината на Бистра, да се сети на предците и да ги задржи своите корени. Денес целосно оправдано може да се парафразира познатата Галичка изрека: Коде и да си, на Петровден дома да си! со зборовите: Сите македонски патишта водат кон Галичник.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO