Стотици вработени од романските воени структури, вклучувајќи генерали од тајните служби, полицајци и воени команданти, брзаат да се пензионираат, бидејќи владата и владејачката коалиција објавија дека ќе го промени начинот на кој се пресметуваат пензиите на вработените во овие структури.

Списокот на новите пензионери вклучува 12 генерали на Романската разузнавачка служба, шефот на жандармеријата, генерали од армијата и полициските комесари, соопшти Romania-insider.com.

Околу 700 полицајци поднесоа молби за пензионирање од минатиот петок, изјави министерот за внатрешни работи Кармен Дан. Над 3200 вработени на МВР излегоа во пензија од почетокот на оваа година. Нивната просечна возраст за пензионирање е 55 години.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO