Бугарија повторно е меѓу најпопуларните дестинации за летен туризам во Русија. Бугарија го зазема шестото место и е трета меѓу балканските држави, а пред неа се само Турција и Грција, покажуваат податоците на Здружението на руските туроператори.

Рангирањето изгледа вака: 1. Турција; 2. Русија; 3. Грција; 4. Кипар; 5. Шпанија; 6. Бугарија; 7. Црна Гора; 8. Тунис и 9. Италија.

„Позициите на Турција се практично недопирливи. Таа останува неприкосновен лидер на ова лето „, забележуваат од здружението.

Просечната должина на одморот на Русите во странство е 10 дена, а најпредпочитан начин за да се нахранат е на база „ол инклузив“. Руските туристи гледаат да потрошат околу 800-900 евра / околу 60 000 рубли / за одмор за двајца. Во Турција нивниот одмор во август излегува 84-86 000 рубли, а во Грција – 80-100 000 рубли.

Интересно е дека се повеќе Руси сакаат да одат на плажа во Крим или Сочи. Во периодот од 1 јануари до 1 јули 2017 година на одморалиштата во Краснодарскиот крај и Крим се одмораат 536 374 туристи. Податоците покажуваат 92% раст на резултатите за истиот период минатата година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO