Новите санкции на САД против Русија се во спротивност со меѓународното право, смета германската министерка за економија Бригита Циприс.

Според неа новиот закон со антируски санкции ќе влијае врз европските компании кои соработуваат со руската страна во енергетската сфера.

„Америка не може да ги казнува германските претпријатија, бидејќи тие сакаат да вршат економска активност во друга земја. Сметаме дека тоа едноставно го крши меѓународното право“, изјави таа во интервју за медиумската група“ Функе „.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO