
Новите 5-годишни државни облигации на Грција за 3 милијарди евра го зазедоа петтото место по обем на трговијата со облигации во евра на должничките пазари на еврозоната, пишува „Фајненшл тајмс“.
Трговијата на таканаречениот „сив пазар“ /до официјалното завршување на издавањето на облигациите/ е уште една потврда на тоа дека Атина успешно се врати на пазарот на долгорочни облигации по 3-годишен прекин.
