САД преговараат за склучување на голем трговски договор со Велика Британија, објави претседателот Доналд Трамп пред в. „Волстрит џурнал“.

„Тоа ќе биде голема зделка, (ќе биде) многу повеќе од бизнис отколку што е сега, многу повеќе пати“, вели Трамп. Тој не наведе детали, но претставник на Белата куќа наjави за весникот дека идната американско-британска зделка ќе влијае на такви сектори како што се земјоделството, авијацијата и финансиските услуги.

Како што наведува весникот, администрацијата на САД се надева дека договорот ќе биде финализиран набргу откако Велика Британија ја напушти Европската унија во 2019 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO