Американската компанија Michael Kors постигнала договор за купување на британскиот производител на чевли Jimmy Choo за 986 милиони фунти / околу 1,2 милијарди долари /.

Чевларската марка беше предложена за продажба во април оваа година, откако нејзиниот главен сопственик – JAB Holding – одлучи да се откаже од бизнисот со луксузни стоки.

Jimmy Choo се познати по тоа дека биле омилена марка чевли на покојната британска принцеза Дајана, а исто така и на популарните хероини од серијата „Сексот и градот“.

За Michael Kors ова купување претставува можност за диверзификација на својот бизнис во услови кога пазарот на чанти бележи пад.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO