Оваа година се навршуваат 114 години од славното Илинденско-Преображенско востание – симбол на борбата за слобода на бугарското население од Македонија, Одринска Тракија и Беломорието, кои по силата на Берлинскиот договор од 1878 година остануваат под ропство во Отоманската империја.

По тој повод, и оваа година веќе по девети пат Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) организира народен собир за свечено одбележување на овој светол датум од заедничката историја на Република Македонија и Република Бугарија. Настанот ќе се одржи на 22 јули 2017 година (сабота), од 17:30 часот по местно време, во Смилево, Република Македонија, Како дел од програмата, пред споменикот на Даме Груев во Смилево ќе бидат прочитани поздравни писма, одржани празнични слова и ќе бидат положени венци и цвеќиња.

БККС ги кани граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија, своите членови и симпатизери и сите заинтересирани да учествуваат во заедничката прослава, за да покажеме заедно дека денешните генерации, кои се чувствуваме потомци на храбрите илинденци и преображенци, не сме заборавиле и никогаш нема да jа заборавиме саможртвата на нашите дедовци, кои го дале животот во борбата за народна слобода против крвавиот отомански деспотизам.

Нека воедно овој настан биде еден од првите чекори за практична реализација на договорот за добрососедски односи меѓу Република Македониjа и Република Бугариja, кој со радост и надеж очекуваме да биде потпишан на 2 август оваа година.

Но и да им кажеме и НЕ на сите кои работат против оваа благородна кауза! Революционерите от вистинското ВМОРО беа за европскиот пат и европските вредности наспроти диктатурата и деспотизмот от каков и да е вид.

Нашата заедничка историја треба да не обединува од двете страни на Осогово – онака како што биле обединети и нашите дедовци от поробените Македонија и Одринска Тракија во нивните усилија за слобода, национална независност и европски просперитет.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO