Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров најавил пред парламентарната Комисија за надворешна политика, дека договорот за добрососедство со Бугарија нема да биде потпишан на Илинден. Формалната причина е дека на 2 август 2017 година во Подгорица требало да се одржи средба на земјите од Јадранската повелба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Имајќи ја во предвид исклучителната симболика на датумот и георгафската близина на Подгорица, тешко е да го прифатиме ова објаснување за реално.

Очигледно пријателството се одложува за подобри времиња. Тоа не е посакувано од најретроградните сили во двете земји и од оние надворешни сили кои не сакаат нормализирање на ситуацијата на Балканот.

Нападите и острите реакции против свеченото потпишување на договорот на Илинден во двете земји ги даваат своите отровни плодови.

Во Македонија нападите се водеа од опозициската ВМРО ДПМНЕ и од „интелектуалци“, ангажирани со псевдонауката, која доминирала во Македонија повеќе од 70 години. Директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски се изјасни против заедничкото прославување на Илинден со Бугарија, затоа што Илинденското востание било пројава само и единствено на македонскиот народ. Повикувајќи се на документи од … по Втората светска војна! Од времето кога Стерју Гулев – син на Питу Гули е самоубива по слегувањето на партизаните во Крушево, а Георги Карев – брат на претседателот на Крушевската република е внесен во затворот „Идризово“, каде ја наоѓа својата смрт.

Поддршка за заедничкото прославување дојде некако неочекувано од поранешниот претседател на македонското Собрание Стојан Андов, кој го признава бугарскиот идентитет на „некои од учесниците“, но посочи дека всушност Илинденското востание било поттикнато од бугарските тајни служби.

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски исто така, даде поддршка за заедничкото прославување, но неочекувано и тој плати данок на доминантната македонистичка историографија. Според него „организацијата која го подготвувала востанието до 1902 се викала Бугарско-македоно-одрински револуционерен комитет. Всушност таа се викала“ Бугарски Македоно-одрински револуционерен комитет “

“ Според истиот устав кој го напишале Гоце Делчев и  Ѓорче Петров“-напиша тој на својата Фејсбук страница-„  член на истата можел да биде само припадник на Бугарската егзархија“.

Всушност во уставот пишува „секој Бугарин“. Ова е важна нијанса, бидејќи во Македонија одамна се подметнува дека Бугарската егзархија била институција туѓа за народот во Македонија, која правела од Македонците Бугари. Неколкудецениските борби на местните луѓе за афирмација на Егзархијата како нивна сопствена културно просветна автономија е целосно занемарена. Георгиевски потсетува дека под заедничка команда востанието се раширило и во Одринско. „Значи и од технички аспект организацијата е партнерска со Бугарите.“ … Нема сепак никакви сведоштва, кои да не тераат да мислиме дека на некој од востаниците тогаш му минувало во умот дека Бугарите во Одринско биле по-Бугари од оние во Македонија.

Ако острите реакции против историскиот договор во Македонија беа очекувани, оние во Бугарија беа исклучително подли и предавнички.

Во хорот од напади против министер Захариева се изредија бројни агенти на поранешната Државна безбедност. Квинтесенцијата на нивната манипулативна сугестија беше повторена дури и од потпретседателот Илијана Јотова. Немало како Бугарија да го признае македонскиот јазик.

Што може да значи тоа? Ако Република Македонија е суверена земја, таа има право да го избира својот официјален јазик. Може да избере тоа да е јазик користен и во други земји: англиски, француски, шпански, арапски … може и да објави некоја јазична норма за официјална. Може да ја промени азбуката, како што председателот Назарбаев сака да направи во Казахстан, итн Што се однесува до прашањето дали денешниот бугарски литературен јазик и денешниот македонски литературен јазик се однесуваат еден кон друг како две форми на еден јазик, или се два одделни јазика – тоа е научен спор кој нема како да биде предмет на меѓудржавни преговори.

„Јазикот е дијалект кој поседува армија и флота“ – рекол познатиот Латвиски-американски филолог Макс Вајнрајх уште пред конструирањето на денешниот македонски јазик. Според модерната наука разликата помеѓу јазик и дијалект е поврзана со политичките и општествените услови и зависи првенствено од ставовите на различните заедници.

Неколку генерации Македонци научиле од своите родители и наставници, дека јазикот им е македонски. Сака ли Бугарија пријателство со нив? Ако ги слушаме потпретседателот, или агентите на ДС одговорот е НЕ. Идентитетот е прашање на избор. За да го постигнеме пријателството со Македонија треба да го прифатиме правото на нејзините граѓани да изберат сами какви сакаат да бидат. Кампањата против божемното признавање на македонскиот јазик налеа вода во воденицата на оние кои им влеваа на македонските граѓани дека Бугарија не го признава нивното право да го градат својот идентитет.

За разлика од јазикот и идентитетот, минатото не е прашање на избор, а прашање на факт. Диносаурусите биле доминантни на планетата пред 65 милиони години, Александар Македонски jа распостранил грчката култура на Блискиот Исток. Повеќе од илјада години мнозинството од населението на територијата на денешната Република Македонија се определувале како Бугари и го нарекувале сопствениот јазик бугарски. Тоа се неспорни вистини за минатото, без разлика дали ни се допаѓа или не. Решението на Турција да го укине изучувањето на еволуцијата во училиштата може да предизвика само нервозно кревање на веѓите. Историските интерпретации на Филип Петровски – исто.

Единствениот начин на кој Бугарија може да им помогне на денешните Македонци е да ја прифатат историјата таква каква што била и да покаже целосно уважение кон нивното право тие сами да решат какви се денес и какви ќе бидат утре.

„Македонците кои до 20 век не постоеле како посебен етнос, денес се посебна нација. (…) Доколку расчистиме со нашата митоманија доколку ги прифатиме фактите за сопственото минато, доколку престанеме да фантазираме за било какви древни империи, (…) имаме шанса да станеме зрела и модерна нација. “

Тоа се зборови не на македонски Бугарин, или на заколнат „бугарофил“, а на човек кој со целото свое творештво докажал дека ја мрази Бугарија! Цитатот е од публикација во весникот „Нова Македонија“ на Дарко Митревски – режисер на филмот „Трето полувреме“. Филм кој ги покажува крајно еднострано историските настани за време на Втората светска војна и сее омраза кон Бугарите. Ако човек со неговата силна анти-бугарска емоција може да ја прифати историјата таква каква што била, значи тоа може да го направи секој разумен граѓанин на Македонија. Што се однесува до градење на пријателство потплатено со чувства, тоа ќе потрае децении!

На овој Илинден можеше да го направиме првиот чекор. Изгледа противниците на пријателството меѓу двете земји ќе успеат да не сопнуваат на патот кон разбирање и взаемно почитување. Се надеваме не за долго!

–––––––––––

Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO