Времето на блажеристовци и на божидардимитровци е минато

Во својата статија ʺСʼшто, ама не истоʺ (http://plusinfo.mk/mislenje/2975/sshto-ama-ne-e-isto) Бранко Героски прави храбар чекор кон разбирањето на проблемот, но треба да направи уште еден. Не на повлекување, а на осознавање.

Штом „Зборникот на браќата Миладиновци не се викал“ Македонски народни песни „(како што учевме на училиште), туку“ Бʼлгарски народни песни „, штом“ славните македонски револуционери од илинденскиот и од предилинденскиот период НЕ се бореле за „Независна Македонија“ и “ во ниту еден документ на „славната“ ВМРО не се зборува за „Независна“, туку за „автономна и за некакви други Македонии“ „, а не ни беше кажано дека ниту еден од нив се нема декларирано како Македонец“, ЗОШТО Героски го одредува Илинденското востание како израз на „заедничката борба на двата народа против Отоманската империја „?

Толку ли е тешко да се разбере дека во времето на борбите против Отоманската империја ДВА народа НЕМАЛО.

И ако ВМРО се борела за бугарска Македонија треба ли да ја става „славна“ во наводници?„Славна“ во наводници може да биде само „ВМРО“ на Груевски!

Кога зборува за македонскиот јазик Геровски повторно се обидува да го избутка проблемот илјада години назад. Според него: „Основата на нашите јазици и на нашата писменост се старословенскиот јазик и делото на Кирил и Методиј и на нивните ученици.“ Така е, но тоа е само почеток на историјата. Нашиот заеднички јазик, наречен од сите „бугарски“ во наредните векови преживеал заедничка еволуција. Ги изгубил падежите, се здобил со членката форма… Геровски треба да го направи и следниот чекор и да го прифати очигледното: Основата на нашите јазици е нашиот заеднички „простейши  язик болгарскиʺ на Крчовски, Пејчиновиќ, Миладиновци … Македонски Бугари како Кузман Шапкарев учествувале во кодификацијата на бугарскиот литературен јазик и на крајот, и покрај доминацијата на источните дијалектни форми (веројатно стратегиска грешка) литературниот бугарски јазик бил примен од огромното мнозинство во Македонија во почетокот на 20 век како свој.

 

Геровски така и не може да се ослободи од едностраната интерпретација на „Санстефанскиот сон“. Во неговото сознание ова изгледа како сон на Бугарите и едвај ли не кошмар за Македонците. Така ли било, всушност?

Зарем во текот на летото на 1878 година разбивањето на (постоечката само на хартија) Санстефанска Бугарија не било прифатена многу потрагично во Македонија отколку во земјите на Кнежеството Бугарија?

Зарем огромниот заеднички напор на нашите предци за постигнување на нешто што потсетува на „Санстефанска“ Бугарија во Балканските војни и Првата светска војна не докажува дека тоа бил наш заеднички сон, неисполнет поради отпорот на други сили? Тоа сосема не значи дека ние денес сме должни да се стремиме кон него. Но барем можеме заедно да жалиме за неговото неосуштествување!

Добро е дека Геровски потсетува за напорот на бугарската армија во прогонувањето на нацистите од Македонија на крајот на Втората светска војна. Но и тука треба да се направи уште еден чекор. Кога зборува за „мноштво информации за ѕверствата на бугарските фашисти во Македонија“ треба да ја погледне големата слика. Во 1941 година првиот бугарски војник влегува во Македонија откако Хитлер е веќе нејзин полноправен господар. Алтернативите биле бугарска администрација под нацистички суверенитет, или директна нацистичка или балистичка окупација. (Иван Михајлов тогаш одбива создавање на марионетска Македонска држава). Денешните Македонци треба да одговорат на прашањето: „Дали влезот на бугарските војски и администратори го зголемува, или драстично го намалува бројот на жртвите од нацистичката доминација?“ Доволно е да се спореди бројот на жртвите во Македонија, со оној во Србија и во Црна Гора за периодот 1941-1944 година за да ја оцениме објективно улогата на бугарската администрација за овој период.

Толку ли е тешко да постигнеме консензус дека македонизмот – маргинален феномен до 30-те години на 20 век, се претвора во основна градивна сила за оние македонски Бугари, кои не по своја волја се отсечени од Бугарија! Преку него тие задржуваат многу елементи од својата дотогашна бугарска култура.

Дали ова признание ги прави денешните Македонци помалку вистинска нација? Зарем 4-5 генерации не се доволни за формирање на еден народ? Кога избувна Првата светска војна автралиски народ НЕМАЛО. Може ли некој денес да негира дека Австралијците се нација?

Во светот денес се зборуваат илјади јазици. СИТЕ тие се настанати по еден и ист начин. Популации, кои зборувале дијалект на еден јазик, отсечени од основната маса која го зборува нивниот јазик, потпаѓајќи под влијание на друг јазик, создаваат свој јазик. Дел од луѓето кои зборувале дијалекти на бугарскиот јазик биле отсечени од Бугарија и потпаднале во средина доминирана од српскохрватски јазик. На малку современи Бугари би им пречело ако македоците прогласат дека така е формиран нивниот македонски јазик. Ќе има ли Героски храброст за овој чекор?

Инаку авторот е во право. Времето на блажеристовци и на божидардимитровци е минато. Нации и јазици се формирале постојано. Фантазиите за вековна македонска самобитност и за еден народ во две држави се токму тоа – фантазии, кои ја прават соработката на Бугарија и Македонија невозможна. Но младата македонска нација, која го гради својот модерен идентитет, ослободувајќисе од фантазиите може да jа има Бугариjа за стратешки сојузник!


Автор: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO