– Г-дин Ковачев, во последниве недели динамиката на настаните во Македонија нагло се промени и очигледно тоа се случува во склад со промените во новиот курс, кој го навестува новата влада на Зоран Заев. На дневен ред повторно излезе темата за членството на Македонија во НАТО, што е поврзано со името на земјата. Ќе се расече ли Гордиевиот јазол со Грција за ова прашање, според Вас?

– Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, меѓународно НВО за истражувачко новинарство, како и Српската истражувачка мрежа КРИК неодамна објавија повеќе од 50 тајни документи на македонското контраразузнавање за руското и српско влијание во Македонија. Според истражувачките новинари содржината на тајните извештаи jа докажува десетгодишната активност на руските тајни служби во поддршка на владата на Никола Груевски и за пренасочување на Македонија од нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ. Според „KRIK“ руското влијание било спроведувано преку медиуми, енергетика и култура. Исто така, според тајните документи работата на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, претставник на БИА и советник во амбасадата во Скопје, во целост била насочена против европската и атлантската интеграција на Македонија. Во документите од прислушуваните разговори има координација меѓу лидерот на српската партија Иван Стоиљковиќ, дипломатот од амбасадата Горан Живаљевиќ од БИА, и новинарот од Белград Мирослав Лазански. Новинарите тврдат дека напорите од страна на српски и руски фактори придонеле за сложената политичка криза во земјата, која беше проследена со длабоки поделби меѓу главните политички партии и тензии меѓу мнозинството и граѓаните на Македонија од албанско етничко потекло. Според брифинг, подготвен претходно оваа година за Владимир Атанасовски, директор на Македонската администрација за безбедност и контраразузнавање последниве девет години Македонија е „изложена на силна субверзивна пропаганда и разузнавачка дејност изведена преку Амбасадата на Руската Федерација. Почетокот на руските операции совпаѓа со напорите на Македонија во 2008 година да се приклучи кон НАТО кога Грција стави вето на понуда врз основа на континуиран спор во врска со употребата на името на земјата. Со оглед на изнесените документи, сметам дека новата влада во Македонија мора да најде начин за брзо членство во НАТО.

– Кои се расположениjата во самата Грција по повод предлогот за „привремената формулација“, ќе покаже ли сговорчивост Атина, по искажаните основи за „повеќе оптимизам“ или ќе одбие компромис? Какво е вашето видување за предлогот за „привремената формулација“?

– Според чл. 11 од Привремената спогодба меѓу Грција и ПЈРМ „, првата страна се обврзува да не го попречува членството на втората во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои првата е веќе член, под услов името да не е различно од споменатото во став 2 на Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993. А чл. 2 од Резолуцијата 817 (1993), вели „препорачува на Генералното собрание, на државата да биде дозволено членство во ОН, до тоа што таа земја привремено ќе се нарекува за сите цели во ОН, како „Поранешната Југословенска Република Македонија“, додека не се најде решение за разликите кои се појавиле во врска со името на државата“. Од двата текста, следува дека ако Македонија се согласи да влезе во НАТО под името со кое е примена во ОН – ПЈРМ, Грција има потпишан договор дека нема да пречи на оваа одлука. Тоа е одлично средно решение за брз прием на Македонија во НАТО, а т.н. спор за името би можел да биде решаван понатаму.

– Дали има надворешни механизми за влијание врз Грција во овој спор?

– Во 2011 година, Меѓународниот суд на ОН jа осуди Грција дека не го почитува чл. 11, став 1 од Привремената спогодба меѓу Грција и ПЈРМ, со тоа што го блокирала приемот во НАТО врз основа на „разликите за името кои не се решени“. Според чл. 11, сепак Грција има право да не е согласна со членството во меѓународни организации, само ако Македонија сака да стане членка со име различно од ФИРОМ, а не поради перспективата земјата да го користи своето уставно име. Односно, ако Македонија се согласува да влезе во НАТО со името ПЈРМ, при одбивање на Грција, последната повторно може да биде под многу силен меѓународен притисок, поради својата одлука. Договорот не успеа да го утврди временскиот плафон во процесот на решавање на спорот. Практично, ниедна од земјите немаше никаква обврска да стави крај на бескрајните разговори. Тоа е факт кој им овозможи на двете страни да ги искористат предностите. Владата на Груевски почна политика на наметнување на агресивен национализам и „антиквизација“. Грција, исто така го користеше спорот за внатрешна мобилизација. Разликата во споредба со 2008 година е дека сега и двете страни, а најмногу во Скопје се мотивирани земјата да ги реши проблемите со соседите, кои долги години пречеа на развојот. Оваа сага со името треба да биде завршена и Македонија да успее да влезе во НАТО. Ова е важно не само за Македонија, туку и за целиот регион, за Грција исто. Тоа е прашање што може и треба да се реши на билатерално ниво. Се разбира вакво решение треба да е прифатливо и за Бугарија. Не секое име е дозволено, како нашата земја пред време, изрази став дека напр. предлогот „Северна Македонија“ не би се прифатил добро во Бугарија.

– Подготвеноста на новата влада да се дискутира за промена на името одговара ли на ставовите внатре во самата Македонија и како ќе се прифати тоа од опозицијата, која очигледно само чека удобен момент за последователна порција протести?

– Во моите бројни разговори со обични граѓани на Македонија сум останал со впечаток дека за нив е многу важно да видат една реална европска перспектива пред својата земја, економски развој, намалена невработеност. Речиси никој не ми кажал дека ги предпочита бутафорните антички статуи и национализмот пред нормалните услови на живот. Во овој контекст, сметам дека во моментов најважно е македонските граѓани да почувствуваат вистински напредок и членството во НАТО може да е тоj реалen чекор. Отворањето на дискусијата за промена на името во моментов не работи во насока на оваа цел, бидејќи тоа повторно би можело да go блокира на неопределено време процесот. Најбрзиот прием би можел да стане под усвоеното во ОН име ПЈРМ, а дискусијата за името да не се условува со членството во ЕУ и НАТО, како што беше досега. Неслучајно часови по излегувањето на публикацијата на интернет дека Македонија е подготвена да го промени своето име, за да влезе во НАТО, следуваше реакција на македонското Министерство за надворешни работи, „Фајненшл тајмс“ беше принуден да го промени насловот. Во новиот изглед веќе се вели дека „Македонија ја разгледува можноста за употреба на привремената нејзиното име за членство во НАТО“.

– Ако, условно кажано, патот на Македонија кон НАТО поминува преку Грција, може ли да се верува дека нејзиниот пат кон ЕУ минува низ Бугарија?

– Да не заборавиме дека Зоран Заев е првиот македонски премиер кој неодамна изјави дека „пријателска Бугарија испрати многу пријателски пораки, дека Бугарија мисли доброто на Македонија, како и дека „ние сме братски народ со Бугарите, ние сме ист народ.“ Исто така по Брисел, негова прва билатералнa посета ќе биде во Софија. Мислам дека ова се одлични сигнали за нов почеток во нашите односи по десет години застој и провокации. Очекувам за време на посетата во Софија да бидат објавени уште добри вести и иницијативи за двете страни.

– Софија инсистира да биде потпишан Договорот за добрососедство кој да ги исчисти спорните прашања, вклучувајќи и заедничката историја. Колку приемчив би бил Заев на оваа тема во пресрет на неговата посета на Бугарија, а уште повеќе после тоа?

– Уште 2013 година Зоран Заев рече дека „За Македонија признавањето од страна на Бугарија, што беше прво на меѓународен план за поранешната југословенска република во 1991 година, е многу важно. Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија треба да биде потпишан. Историjата е онаа која ќе ни сплотува и треба заедно да гледаме напред кон иднината“. Не очекувам да има промена во неговите позиции и верувам дека наскоро таков договор ќе биде потпишан. Важно е тоа да не остане само на хартија, а да има реален ефект за целосно редефинирање на односите Бугарија-Македонија, кои да бидат ставени конечно на отворени и пријателски начела.

– Може ли да се очекува во внатрешнополитички план ревизија на управувањето на ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на што да има и судски постапки?

– Специјалното обвинителство му предало на основниот суд во Скопје вкупно 12 барања за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски. Меѓу зградите за кои се бара замрзнување, е и новата централа на партијата во Скопје. Барањата се базираат врз основа на финансиските извештаи и на начинот на кој се купени имотите. Од судот велат дека ќе информираат дополнително какво е нивното решение. Во Македонија има институции меѓу кои најмногу Специјалното обвинителство, кои да испитуват дали има нарушувања и ако ги има, виновниците да сносат одговорност за тоа.


Андреј Андреев Ковачев е бугарски политичар од владеачката ГЕРБ, член на Европскиот парламент од 2009 година досега.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO