Ангел Джамбазки, заменик-претседателот на „ВМРО – Бугарско национално движење“ и актуелен европратеник испрати писмо до комесарот за проширување на ЕУ  господинот Јоханес Хан. ТАТКОВИНА на своите читатели им ја претставува содржината на писмото во целост.

Почитуван, комесар Хан,

Несомнено, стабилноста на Западен Балкан и нивното пристапување кон структурите на НАТО и ЕУ е од исклучителна важност за целата Европска унија. За жал, во последните месеци сме сведоци на зајакнување на докажани и очигледни опасни тенденции и загрижувачки активности на надворешни за континентот и Унијата сили, како Република Турција и Руската Федерација, кои имаат за цел дестабилизација, политички хаос, тензија во регионот.

Како пример може да се наведат активностите на надворешни разузнавачки структури во Црна Гора, Косово, Македонија, преку обиди за политичко инженерство, провокации и саботажа на изборниот процес.

Последните политички настани во Република Македонија, кога офицери од српското разузнавање беа фотографирани како влегуваат на чело на толпа од криминалци, во зградата на Народното собрание на Република Македонија, претепувајќи речиси до смрт избрани народни претставници, предизвикуваат сериозни тревоги и опасност од дестабилизација на државата и регионот.

Затоа ги поздравуваме напорите на новата влада на Република Македонија, на чело со господинот Зоран Заев, да го надмине застојот и блокадата во преговарачките и пристапувачките процеси.

Затоа и ги пресретнуваме Вашите зборови, ценет комесар Хан, за тоа дека Бугарија и Грција носат вина за состојбите во Република Македонија, со искрено зачудување и длабоко разочарување.

Таквата позиција покажува или длабоко непознавање на ситуацијата во регионот или загрижувачка пристрасност. И двата случаи целосно некомпатибилни со позицијата „комесар за проширување на ЕУ“. Основни принципи на конструкцијата на ЕУ се добрососедството, почитувањето и заштитата на правата и законските интереси на националните заедници и немешање во внатрешните работи на суверени држави.

Ние сме најискрен пријател на братска Република Македонија. Затоа сме убедени дека нема никакви пречки да биде потпишан Договор за добрососедство пред почетокот на преговарачкиот процес. Нема никакво сомневање дека јазикот на омразата против братска Бугарија, поттикнуван од Белград, според старите решенија на Коминтерната во Москва од 1934-та година, како и кражбата и злоупотребата на заедничката историја, составувањето на учебниците по историја со лажна содржина, непризнавањето на постоењето на значителната бугарска заедница во Македонија и на нејзините граѓански и политички права е целосно неевропско, неприфатливо и недозволиво.

Овие практики работат за интересите на Белград, за поделбите во регионот и за слабеењето на позициите на ЕУ и НАТО на Западен Балкан.

Секој обид оваа тема да се заобиколи, забавува и потценува, од Ваша страна или од страна на кој и да било друг, ќе доведе до нова блокада на преговарачките процеси и ќе им наштети на интересите на регионот.

Ви нудиме, комесар Хан, да се запознаете внимателно и детално со приложената од од нас мотивирана, а изработена од Македонскиот научен институт, истражувачка и научна институција со повеќе од сто години историја и со огромен авторитет на оваа тема.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO