Години наред спорот за името го попречува евроатлантскиот пат на Македонија, а цената за тоа се плаќа од целиот регион и е закана за мирот и стабилноста на Европа. Сепак Грција продолжува да ја блокира Македонија за членство  во НАТО врз основата на спорот за името, недопуштајќи да стане член со привремената одредница (definition) БЈРМ (што не треба да се меша со име на државата).

Дури и бегло запознавање со привремената спогодба меѓу двете земји потпишана во 1995 во Њујорк дава јасна слика дека двете страни се согласиле да ги почитуваат границите и нема место за иредентизам од кој што толку се плаши Грција. Чудно, Р. Македонија и покрај многократно понадмоќната грчка армија и нејзиното превооружување, не покажува страв од Грчки иредентизам иако антиквизацијата беше оружјето на грчката пропаганда во Отоманска Македонија, а населението во Егејскиот и дел беше прогласено за Словенофони Грци.

Лидерите на ЕУ си дадоа сметка за тековните процеси на маргинализација на земјата и заканата за мирот едвај по серијата неодамнешни настани на работ на разгорувањето на граѓански и етнички конфликт, засилуван од странска пропаганда и вмешување. Тоа поставено на позадината на историските факти кои довеле до сегашната карта на Балканот јасно покажува дека спорот за името е неоснован и поради тоа и нерешлив. Неговото поддржување цели замена на историската реалност и отклонување на вниманието од ВИСТИНСКИОТ СПОР. Создадениот шуплив проблем практично е совршен инструмент за влијание во Р.Македонија и попречување на нејзините меѓународни односи, а антиквизацијата спроведена од Груевски и претседателот Иванов, обезбедува одлични услови за негово користење.Тоа може да ја објасни „неочекуваната поддршка“ за позицијата на Груевски за време на започнатата политичката криза по последните парламентарни избори, од Грција и Унгарија, кои побараа осуда на „Албанската платформа“ од ЕУ.

За што станува збор и што треба да им се напомни на лидерите на ЕУ при разгледувањето на проблемот за конечно напуштање на оваа ситуација, пристапувањето на Македонија кон НАТО и стабилизирањето на регионот.

Не може да има одржливо решение без тоа да лежи на историските факти и вистината.

Македонското прашање нема заедничко со антиката, започнува во недалечното минато -именно од Берлинскиот мировен договор.Секакви шпекулации со антиката се отклонување на вниманието од суштината на проблемот.Категориите со кои треба да се разгледува прашањето, биле тоа да се имиња или идентитет, се: битисувале ли тие во времето на потпишувањто на Берлинскиот договор како и во собитијата кои произлегуваат од него. Конструкцијата за македонска нација беше дело не на денешните Македонци а на југословенскиот комунистички режим кој убил огромен број на македонски Бугари претворајќи ја македонизацијата во единствен начин за опстанок од наметнатиот терор.Антиквизацијата како што беше кажано е концепт за погрчување на бугарското и влашкото население искористен безуспешно во 19 век. Антиквизацијата која го роди и спорот за името, е процес почнат по распадот на СФРЈ и искористена како стратегија за сопирање на ребугаризацијата на општеството.

Ако Грција сака да го елиминира иредентизмот и кражбата на историјата од страна  на Македонија таа лесно може да го направи потпирајќи се на историјата и меѓународните документи и договори кои самата таа ги потпишувала. Затоа што, она што толку и пречи на Грција денес, одамна е договорено меѓу неа и Бугарија, и Р.Македонија нема место во овие односи ниту може да има претензии.

-конвенцијата за размени на бегалци од1919 склучена меѓу Грција и Бугарија;

– договорот Калфов-Политис од 1924 година за Заштита на бугарското малцинство во Грција;

– финансиската спогодба Молов-Кафандарис од1927 година која ја прецизира претходно споменатата конвенција;

– да се земе во предвид дека до 1944 година. денешното население на Вардарска Македонија и Бугарите од Егејска Македонија според принципите на Општеството на народите во Женева, до 1944 година беа третирани за бугарско национално малцинство во Југославија и Грција.

– согласността на двете страни, Бугарија и Грција, од 1963 година, дека спорните прашања за размена на бегалците, поврзани со горните спогодби, и претензиите за имоти што произлегуваат од нив, се разрешени со еден сеопфатен договор.

Сепак, ова може да се случи ако се произнесе вистината за идентитетот на Р.Македонија и нејзиниот етнички карактер до појавата на СФРЈ, и нејзиното конституирање  како една од републиките во составот на СФРЈ. Со што заканата за стабилноста на Балканот ќе се намали процесите на евроинтеграција ќе се зголемат и ќе настапи нова фаза во односите.

Атина ги има сите средства да го стори тоа, да се раздели со своите стравови и да престане да се противи на ЕУ и НАТО и да спечали од оваа за неа скромно речено тешка положба.Защо сепак не го прави тоа?

Очигледно целта на Атина е друга, со еден куршум да убие два зајака. Да изгради нов идентитет на база на новото име на земјата. Изолирајќи ја на тој начин од Бугарија и отежнувајќи им ги односите на нов начин различен од антиквизацијата и во исто време постигнување на гаранциите кои реално веќе ги има од договорите потпишани со Бугарија, (кои сепак не се гаранција ако не се произнесе вистината за македонскиот идентитет)

Новото име не може да доведе до промена на содржината, етничкиот карактер на населението и неговото самоопределување,  следствено и на евентуалните претеенции од кои се плаши Атина. Апсурдно е дека во грчките претензии се подразбира не само промена на Уставот на Република Македонија, но и на позициите на трети земји кои ја признаа Република Македонија со името Македонија.

Грција треба да објасни зошто одржува вештачки спор, кога со изрекувањето на вистината таа може да ги реши сите настанати спорови и да направи важен чекор за развојот не само на регионот но и на ЕУ и НАТО. Тоа е најголемиот проблем и тој не може да се реши без учество на Софија. Ако некој се обидува преку промената на името да оствари уште еден обид за национално инженерство и да се подигрува со народот на Македонија ќе се сретне со отпорот на Бугарија, бидејќи проблемите и стравовите кои ги има Грција не произлегуваат од името а од идентитетот на Македонците и на овој спор одговорот може да се најде единствено и само во Софија.Това треба да го разберат и во меѓународната заедница и да погледнат на фактите, не преку доктирините на исчезнатата Австроунгарија а преку интересите на ЕУ.

Како заклучок не друг, туку Македонските Бугари го издигнаа слоганот Македонија на Македонците- тие го избраа името и демократските принципи на идната држава во која различните етноси да живеат мирно согласно начелата на бугарските комитети и заветите на Левски.ВМРО е бугарска кауза и Бугарија не може да се откаже од неа и не би поддржала друго име освен избраното од бугарските борци за една правна и демократска Македонија. Времето да се произнесе вистината е дојдено, ако Атина е навистина мудра ќе застане на нејзина страна.


Автор: Андреј Врабчев, уметник (скулптор) завршил Воена Академија во Софија ( експерт по меѓународна сигурност ), а интересите му се насочени во областа на културата, вредностите и идентичноста како фактори за развој на современото општество


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO